Кумановецот Никола Ангеловски е европски вицешампион во џиу џицу на Европското првенство за кадети и јуниори кое штотуку заврши.
Ангеловски во финалето на категоријата до 69 килограми во јуниорска конкуренција се сретна со светскиот првак Оливие од Франција и беше поразен со технички КО.
Ова е голем за нашинецот кој настапува за германската репрезентација кој се надева дека идната година на Светското првенство во Дубаи ќе го освои првото место. Се надеваме дека идната недела ќе го видиме на Меѓународниот џиу џицу турнир „Скопје опен 2017“.
Ipon.mk/В.Д.