Бугаринот Кубрат Пулев вечерва се врати на професионалниот ринг со победа против искусниот 41-годишен Бразилец, Џорџ Гарсија, на гала вечерта во Карлсруе, Германија. По последниот удар во гонгот и тројцата судии му ја доделија победата на бугарскиот боксер. Тоа беше прв натпревар на популарниот Кобра по поразот од Владимир Кличко во меќот за светската титула на крајот на минатата година.