Кубрат Пулев изјави дека се уште сонува да ја освои светска титула во тешка категорија., во краткото интервју за страницата на неговиот клуб „Зауерланд“.
„Чекор по чекор треба да станам уште подобар. Да поминувам пречка по пречка. Сега мојата единствена цел е победата против Дерек Чисора. Кога ќе ја исполнам, можам да ја кренам летвичката пред себе. Мојата главна цел продолжува да биде светската титула. Но, секој ден, кога ќе се разбудам, мислам што уште можам да подобрам“, истакна популраниот Кобра.
Пулев (34 г.) влезе во завршниот дел од подготовките за мечот со скандалозниот Британец.
Сербата е на 7 мај во Хамбург, а победникот ќе добие право да влезе во своевдно финале за добивање на предизвикувачот број 1 за ИБФ титулата.