Kубрат Пулев повторно e кандидат за светската титула.
Промотeрската компанија на Пулев добила понуда за меч против светскиот шампион на Меѓународната боксерска федерација (IBF/ИБФ), Ентони Џошуа. Ова, ексклуизивно, го соопшти за бугасрката ТВ Нова сопственикот на компанијата, Кале Зауерланд. Понудата е во стотици илјади евра, прецизираше промоторот.
Сега почнуваат преговори меѓу двајцата промотори. Ако се договорат, предвидено е средбата да се одржи на 25 ноември во Англија.
Британецот (26 г.) има 17 победи од 17 натпревари на професионалниот ринг, сите се со нокаут. Тој го држи појасот на ИБФ, каде што 24-годишниот Џозеф Паркер, кој исто така преговара за меч во ноември против Ентони Џошуа, е № 1 на ранглистата, а 35-годишниот Кубрат Пулев е № 2.