Кубрат Пулев (26-1, 13 КО) летово го раскина договорот со Зауерланд.
37-годишниот Бугарин го критикуваше Зауерланд за начинот на кој ги водеше преговорите со светскиот шампион Ентони Џошуа, додека беше во позиција на задолжителен предизвикувач во 2017 година. На крајот мораше да ја откаже борбата поради повреда на рамото и да го замени Карлос Такам.
„Зауерланд и јас имаме различни интереси и различни размислувања. Мислам дека секој треба да продолжи по својот пат до целта и тоа е добро за сите. И морав да платам за тоа“, рече Пулев.
Раскинувањето на договорот го плати 150.000 долари.
Но, Пулев од денес е нов член на Топ Ранг кој ќе ја води неговата кариера заедно со Епик спорт.
Промоцијата организираше прес-конференција на која Боб Арум, еден од најголемите промотори во историјата на боксот, го претстави новото засилување.
Бугарин со победата против Хју Фјури на крајот на октомври повторно стана задолжителен предизвикувач на шампионот ИБФ, Ентони Џошуа.
Топ ранг планира да ја организира следната борба во пролетта 2019 година.