Кубрат Пулев вети дека ќе го нокаутира Ентони Џошуа. 39-годишниот „Кобра“ изјави за BoxingScene.com дека не добил предлог да се повлече, со цел ВБА, ВБО, ИБФ и ИБО светскиот шампион да се бори против Тајсон Фјури во мечот за титулата на ВБЦ. Во последните неколку недели на мала врата се турка идејата од страна на британскиот менаџер Еди Херн.
„Имаме потпишан договор за оваа борба и сè е подготвено за тоа“, рече Пулев и додаде: „Работевме на овој договор можеби два месеца и не беше лесно да се постигне договорот. Но, договорот е факт и јас сум подготвен. Не сакам да чекам. Сакам шампионска борба против Ентони Џошуа и ќе го натепам толку добро што ќе го забележи вториот пораз со нокаут во кариерата. Јас сум задолжителен предизвикувач и правилата се такви што тој нема каде да оди. Не е важно кој сака да боксира со него или со кого сака да боксира. Ентони Џошуа мора да боксира со мене. Подготвен сум да се сретнеме кое било место. Не е важно дали е во Лондон или на некое друго место. Џошуа сакаше да биде во Лондон и се согласивме, тоа не е проблем за мене“.
Бугаринот одговори на прашањето дали би прифатил да се повлече настрана ако добие ваков предлог.
„Не знам за понуда што ќе ме натера да чекам и да се повлечам. Па не знам дали би прифатил, не размислував за тоа, затоа што сакам да се спротивставам на Џошуа. Верувам дека овој меч ќе се одржи до крајот на годината. Чекав доволно долго. Јас сум официјален предизвикувач, но сум отворен за разговори, без проблем. Ако некој дојде и ми каже нешто, ми понуди нешто, можеби. Не знам, но дозволете ми да бидам јасен дека го сакам овој меч, тоа е тоа“, додаде Пулев, кој по поразот о дВладимир Кличко во ноември 2014 година, забележа осум последователни победи.