Емилијаненко ќе го предводи дебито на Белатор во Русија во 2021

Претседателот на Белатор Скот Кокер објави дека дебито на неговата организација во Русија ќе биде одложено за следната година. Во своите редови го имаат легендарниот Фјодор-Федор Емелијаненко, кој ќе ја добие честа да настапи во главната борба на вечерта на Белатор во неговата земја. Ова би можело да биде неговата последна борба во славната кариера.

„Последниот император“ има скор 3-2 во Белатор и сите негови средби завршија со нокаут. 43-годишната легенда има скор 39-6-1 во ММА и во последната борба го нокаутира Квинтон Џексон во Јапонија кон крајот на минатата година. Кокер планираше да дебитира во Русија наесен, но пандемијата на коронавирус ги промени плановите.

„Состојбата со коронавирусот ги смени сите наши планови. Борбата на Федор Емелијаненко ќе биде одложена.

Сакавме да го организираме наесен, но сега нашиот распоред се менува од четири на пет месеци. По планот требаше да дебитираме во Русија со настан што ќе го преводеше Федор, но сега сакам да се обратам до фановите и да ги замолам да бидат трпеливи. Ќе се обидеме да организираме сè до мај догодина“, рече Кокер.

https://www.instagram.com/p/B0JpJooowlL/?utm_source=ig_embed

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО