Кубрат Пулев: Дилиен Вајт е кукавица!

Кубрат Пулев го нарече кукавица  Дилиен Вајт, заради откажувањето на нивниот меч.

Тие требаше да се соретнат во елиминациски дуел на ИБФ во јули или август, а победникот требаше да утврди задолжителниот предизвикувач на светскиот шампион во оваа верзија, Ентони Џошуа, кој ги поседува и титулите на ВБА (супер), ВБО и ИБО.

Сепак, средбата нема да се одржи, бидејќи Британецот претпочита да се бори со поранешниот шампион на ВБО, Џозеф Паркер, а мечот ќе се одржи на 28 јули на О2 арената во Лондон.

„Крадецот вели: Држте го крадецот. Вајт велеше дека сум кукавица, но гледате кој се покажа дека е кукавица“, изјави Пулев за Нова ТВ.

„Два пати го одложуваа тендерот, сега избегаа од мечот. Нема што многу да се каже за случајов. Се гледа кој има страв. Кубрат Пулев: Дилиен Вајт е кукавица“!

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО