Кубрат Пулев – Џарел Милер на 1 септември во Софија

Кубрат Пулев и Џарел Милер ќе се борат 1 септември во Софија, објави Ивајло Гоцев, чија компанија „Епик спортс“ победи на тендерот за организирање на дуелот. Дуелот е за официјален предизвикувач на Ентони Џошуа.

„Во постојан контакт сум со луѓето на Милер. Разговараа за варијанта мечот да се одржи во САД, но Милер се уште не е толку големо име и спортски канали и бокс-мрежи не се заинтересирани за покривање.

Значи средбата ќе биде во Бугарија на 1 септември. Црвениот тепих ќе биде постелен пред Милер и неговите луѓе во Софија, ќе почувствуваат гостопримството на Бугарите и убавината на оваа земја“, изјави Гоцев.

Кубрат го поздрави Американецот и на официјален профил на Твитер напиша:

„Среќен сум да се сретнам со Џарел Милер-Големото бебе во Бугарија. Тоа ќе биде можност да направиме одличен меч меѓу нас пред неверојатните боксерски фанови“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON