Кубин и Божиновска ќе се борат за златен медал на ЕП во кик бокс (ФОТО)

kubin-go-nokautira-protivnikot-na-ep-2016

Милан Кубин (-79 кг) и Марија Божиновска (-70 кг) ќе се борат за европската титула на Европското првенство во кик бокс во лајт кик во Лутраки – Грција, откако извојуваа победи во полуфиналето.

milan-kubin-skoka-pobednik-ep-2016

Кубин со технички нокаут на почетокот на втората рунда го елиминираше турскиот кик боксер совлада Али Алватар Џемаил од Турција со 2-0..

Во борбата за златниот медал ќе се сретне со Русинот Александер Боров кој во полуфиналето го совлада Раин Рудер од Естонија со 3-0.

marija-bozinovska-vo-akcina-na-ep-2016

Исто така и Марија Божиновска (- 70 кг) се пласира во финалето, бидејќи победи со 3-0 во дуелот со Илкај Менгуџ од Турција и не и даде шанса за изненадување. Во финалето ќе се бори со Катарина Квичиен од Полска, која без броба се пласира во финалето

Во попладневните часови некаде по 14 часот треба да настапав и нашите преостанати кик боксери Ненад Манојловски и Димитар Ѓорѓиев.

Манојловски во дисциплината как лајт до 69 килограми за противник го има Володимир Домочук од Украина, додека Димитар Ѓорѓиев ќе се бори со Словакот Карлик Марек во категоријата кик лајт до 74 килограми.

marija-bozinovska-so-urko-i-dragan

Претседателот и селектор Дејан Митровски-Урко и генералниот секретар Драган Атанасовски се презадоволни од досегашниот тек на првенството затоа што засега Македонија има четири медали и два финални натпревари во пресрет на преостанатите две борби, но амбициите не застануваат тука бидејќи нашите репрезентативци атакуваат на златните одличја.

Ipon.mk/В.Д.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON