Двократниот олимписки победник Робизи Рамирез го напушти тренинг кампот на кубанската репрезентација во Мексико.
24-годишниот Кубанац освои златен медал на Олимписките игри во Лондон 2012 година и четири години подоцна во бантам категорија во Рио де Жанеиро, каде што во финалето го совлада Шакур Стивенсон.
Националниот тим се подготвува за настап на Игрите во Централна Америка и Карибите во Колумбија.
Не е познато дали Рамирез планира да стане професионалец, а кубанскиот бокс доживеа удар и во март кога Јоанис Аргилагос побегна за време на турнирот во Мексико.
Познати кубански боксери кои побегнале да се борат како професионалци се Гилермо Рогондо, Луис Ортиз и Ерисланди Лара.
.