КСВ продал преку 50.000 билети за спектакуларниот стадионски настан

Големата полска ММА промоција КСВ целосно почнува да го остварува она што го планираа кога одлучија да организираат настан на стадион. За КСВ 39, кој е именуван Колосеум, продале преку 50.000 билети.

КСВ веќе пред неколку недели го собори рекордот на најмногу  продадени влезници за еден европски ММА настан, кој го држеше УФЦ со УФЦ на Фокс 14, кој се одржа пред повеќе од две години на стадионот во Стокхолм. Со моменталните бројки КСВ се приближува на рекордите на УФЦ, што го држи УФЦ 129, кој во Торонто го следеа 55.742 луѓе и австралиското УФЦ 193, на кој детронизирањето на Ронда Русеј го гледаа 56.214 фанови.

Сепак, организаторите сметаат дека тоа се уште не е тоа, бидејќи до настанот останауваат уште две и пол недели и веруваат дека до тогаш целосно ќего распродадат стадионот, а сите 65.000 билети што се пуштени во продажба.

КСВ 39, што се одржува во Варшава на 27 мај, ги собраа сите најголеми ѕвезди на оваа промоција, па така во главната битка се среќаваат двајца шампиони. Шампионот во средна категорија Мамед Халидов, воедно најголемата ѕвезда на оваа промоција, и првакот велтер категорија Борис Манковски. Публиката многу ја интересира и дуелот на двајцата поранешниот најсилни мажи, Мариуш Пудзиановски и Тибериуш Ковалчик, а во кафезот својата титула ќе ја бранат уште неколку прваци на промоцијата.

.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON