Хрват Мирко Филиповиќ му се одмазди на Габриел Гонзага за поразот кој му го нанесе пред осум години и кој воедно се смета за најтешкиот пораз во кариерата на најпознатиот кик-боксер и ММА борец на Балканот на синоќешниот спектакал во Краков, Полска.
Кро Кап до триумфот дојде во третата рунда откако најпрво го изненади противникот со еден удар со лакт, а потоа, „го доврши“ откако му зададе и неодбранлив низок удар во пределот на вратот.
Интересно е што хрватскиот кик-боксер го заврши мечот против мотивираниот Гонзага со пукната аркада од еден незгоден удар кој го заработи пред крајот на втората рунда. Ова беше прва борба за Филиповиќ во „УФЦ“ по 2011 година.
Филиповиќ и Гонзага поделија бонус 0д 50 илјади долари за прикажаната борба.
https://youtu.be/BwpE05Dmqb4