Минатиот јануари Крон Грејси најави дека ќе се фокусира на учеството во ММА, но и настаните во џиу џицу влегуваа во неговите планови.
Во 2014 година стана носител на црн појас во БЏЏ и шампион на ADCC, дебитираше во MMA, забележувајќи победа со армбар во Јапонија.
Крон требаше да учествува во овогодишниот турнир во граплинг на ADCC, но се чини плановите му се промениле.
„Веќе доволно време се притегнував. Сега е време да се борам во ММА. Ударите нема да ме исплашат, бидејќи доста време вежбам. Само знам, ако тренирам напорно, мечевите ќе ми бидат лесни“.