Федор Емелијаненко викендов последен пат влегува во арената. Руската боречка легенда заминува во пензија по 23-годишна кариера, а на крајот сака да го освои шампионскиот појас во тешка категорија на Белатор.
Во последната борба ќе се обиде да го симне од тронот Рајан Бадер. Нивниот натпревар е насловен на настанот Белатор 290 во Инглвуд.
И во пресрет на последната борба на Федор, Кро Кап, кој некогаш се бореше против Русинот, се огласи на својот Фејсбук.
Утре рано наутро, последниот великан и шампион на Прајд, Федор Емелијаненко, ќе ја напушти борбената сцена по неговата последна борба!
За мене, најголемиот и најкомплетниот ММА борец на сите времиња!
Задоволство и привилегија беше еднаш да го поделам рингот со него, како и многупати да ја делам соблекувалната во Саитама арена.
Без разлика на исходот од утрешниот меч, за мене и за многу други, вие останете засекогаш икона на слободните борби и најдобар на сите времиња (ГОАТ). Со среќа, Федор!“, напиша Мирко Филиповиќ под заедничката фотографија со Федор Емелијаненко.
Мирко и Федор се познаваат со години, кога настапуваа на настаните на Прајд. И двајцата со златни букви ги испишаа своите кариери во историјата на ММА спортот, а многу фанови често со задоволство се сеќаваат на нивните борби.
Еднаш се бопреа во летото 2005 година, кога Федор по три фантастични рунди го победи Мирко со судиска одлука.