Во интервју за Нова ТВ Мирко Филиповиќ објасни зошто потпишал за Белатор и како тоа ќе влијае на неговите првобитни планови за борби оваа година и завршување на кариерата.
Како бомба одекна веста дека Кро Кап оди во Белатор, каде што на Вембли во Лондон на 25 мај ќе се бори против Рој Нелсон. Оваа вест сите ги изненади, но кога ќе се слушне објаснувањето на Мирко, се звучи многу поедноставно и лесно е да се заклучи зашто Кро Кап се одлучил да ја вметне на оваа борба во својот распоред.
„Белатор и јас бевме во контакт од порано, по борбата со Иши, но тогаш сепак решив да го потпишам за УФЦ. Останавме во контакт и сега дојде време да се борам кај нив. Но, не беше работата за Белатор, туку за противникот, односно Рој Нелсон“, рече легендарниот борец, а потоа додаде што толку го мотивирало баш Биг Кантри да биде борецот на кого сака да му се реваншира:
https://youtu.be/cvdgQYUpWhE
„Тогаш ме совлада со прекин во третата рунда. Бев повреден и затоа го сакам тој реванш. Не сакам да барам за некои изговори, само сакам да ја одработам оваа борба во ситуација когас сум потполно здрав и подготвен. Сега сигурно ќе биде поинаку. Ова е нешто што не треба да го пропуштам и го прифатив од спортски причини. Тоа не може да го пропуштам“.
Планот на Кро Кап, кој го презентира по потпишувањето на новиот договор со Ризин, беше две борби во оваа година, односно крај на неговата кариера во декември, а пред тоа една за останување во форма. Ова не го расипува тој план, туку откри дека во меѓувреме дојде идејата за друга борба, а на крајот така се поклопија работите се совпаднаа, така тоа ќе биде овој настап во Белатор против Нелсон. Веднаш го прокоментира потписот за Белатор дали значи можност за уште еден реванш, оној кој сите најмногу сакаат да го видат.
„Чисто се сомневам дека можам да се борам против Федор. Оотпиша договор само на една борба, затоа што нема да настапам во Јапонија како што планирав. Ризин има турнир во почетокот на мај и ќе се борам со победникот на тој турнир. Во меѓувреме ќе се борам против Нелсон, но планирам да се борат и во јули на настанот на Ризин во Токио“.
Секако, ова е одлична вест и неверојатно е добро да се биде свесен дека Мирко Кро Кап ќе направи уште една голема борба која ќе ја заинтерира светската ММА јавност. Тоа е само знак колку е во прашање името.