„Лактот е легитимна техника и јас го искористив. Зошто не би го извел, кога сум вешт во тоа“, изјави за Вечерњи лист легендарниот хрватски ММАС борец Мирко Филиповиќ.
„Кро Кап во неделата повторно се славеше во својата Саитама супер арена. Жртвата на тој лакт беше Американецот (од Гуама) Роке Мартинез.
Филиповиќ уште еднаш покажа колку е искусен и смирен, дури и во мечевите кои многу малку може да му донесат нешто, а многу да му однесат. Всушност, од операцијата на коленото поминаа само неколку месеци, а Кро Кап многу мудро во овој дуел,одлучи да тргне сталожено и полесно.
„Ја чекав мојата прилика. Бев многу добро кондициски подготвен и имав доволно време да ја прилика и да ја причекам. Бев сигурен дека борбата ќе ја добијам во предвидените 20 минути со прекин, когабило и кадебило“, ги опишува неговите впечатоци.
Запрашан за многуте удари што ги доби во ногата, а кои беа намерно пласирани таму заради неговата неодамнешна повреда, Филиповиќ одговори:
„Во добра здравствена состојба сум, па на оперираното коленото не обаќав внимание за време на борбата. Додуша, противникот се обиде да ме удри по тоа колено, што баш и не е фер и јас никогаш не би го направил тоа на противникот“.
Како што стојат работите сега, Филиповиќ повторно ќе го видиме на истото место за Нова година. А што потоа?
„За 2019 година немам планови. Единственото што имам испланирано во овој мемент е битката за Нова година и тоа е нешто, ако сум здрав, никако нема да го пропуштам. Но знаете како е ова спорт, никогаш не знаете која борба ќе ви биде последна“, заклучува Кро Кап.
Ова му беше деветта последователна победа во ММА, со што дополнително ја зголеми својата и онака рекордна низа. Иако е во зрели боречки години, Кро Кап од меч во меч докажува дека се уште и во врвна форма и конкурентност да се справи со најдобрите.