Мирко Филиповиќ го коментираше поразот на борецот на Кро Кап тимот, Дарко Стошиќ.
27-годишниот српски полутешкаш беше поразен во Њуварк со едногласна одлука од Кенеди Нцечукву.
Тоа беше негов втор последователен пораз и сега е 1-2 во најсилната ММА промоција во светот.
Според најавите на Кро Кап, би можело да дојде до прекин на соработката.
„Поздрав на сите! Еве, да се осврнам на борбата на Дарко, затоа што тоа е ред бидејќи маногу „експерти“ и „душегрижници“ ја спомнаа мојата сала и подготовките во истата.
Како прво, Столе е одличен лик и добар човек и мило ми е што можам да му помогнам. Сите во салата размислуваат на ист начин, како и Стипе (Дрвиш), кој беше во неговиот агол и кој најмногу работи со него. Во што се состои таа помош?
Прво, на располагање му е салата 0-24 (гаража како што велат некои, а има 300 м2 и 4 метри висина, но убаво е што има луѓе за кои тоа е гаража. Камо среќа сите да се така успешни како нив и да им се гаражите такви.
Второ, има врвен тим за стенд-ап и за партер. (Иши, инаку е олимписки шампион во џудо, Анте Делија, Томислав Цикотиќ, Саша Милинковиќ, Теодрас Аустоклиус, а тука сум и јас. И доаѓаат повеќе врвни борачи за време на секои подготовки. Трето, имаме одлична програма и се работи навистина крваво и напорно, но секој од нас е индивидуа за себе и секој дава толку колку што можеи, а и колку мисли дека треба, но програмата мора да се почитува, и НЕМА прескокнување. Исто како што МОРА да се слуша аголот, а не да се работи по свое и да донесува свои заклучоци.
Столе водеше пасивна борба, но беше подобар во првата и третата рунда! Но, двете јавни опомени беа пресудни. Па, дали е МОЖНО некој да мисли дека Стипе му рекол да ги погоди гениталиите три пати? Па, дали е можно некој да помисли дека Стипе НЕ му кажал дека треба да оди на прекин и да даде се од себе во третата рунда, затоа што ќе изгуби поради двете јавни опомени?
Столе не го стори тоа, туку самиот заклучи дека има многу за победа. Погреши бидејќи не го слушаше аголот, целосно не се придржуваше до програмата за подготовки. Зошто?
Не знам. Можеби го мачеше симнувањето на килажата, знам дека тешко му паѓаше и ужасно физички го исцрпуваше. Восушност, секое школо се плаќа, а онаа која не се плаќа не вреди. Добрата работа за Столе е што тој е млад и има време. Нека извлече поуки од овој пораз и како да победил! А вакви спаринг партнери и ваквите крвави тренинзи тешко ќе најде. И уште една работа, го правам ова бесплатно, затоа што го сакам Столе и сакам да му помогнам, а истото важи и за останатите момци во салата. И патував од Пула на секоја спаринг, бидејќи јас му спарив, иако е тоа последното нешто што ми треба. Но дојдов и го сторив тоа, бидејќи така ми е драг и затоа што сакав да помогнам. И уште се бореше против левак (како мене). Не можев да се извишам за 10 см колку што е висок противникот, но направивме одлично спаринзи. Ете, толку. А сите што мислат дека подобро знаат и имаат повеќе искуство, нека се јават и нека му ги понудат своите услуги на Драко. А Дарко, кој ќе го прочита ова, нека го сфати ова како добронамерен и пријателски совет, затоа што му посакувам се најдобро.И повремената промена на тренинг кампот е добра и пожелна, бидејќи понекогаш човек се заситува од иста сала, истите лица и се останато. Но мора да знае дека ние работиме заедно 6 недели од подготовките, а 7-та недела е патување. И дека МОРА да дојдат во СОЛИДНА форма на почетокот на подготовките, а не запуштен и подготовките мора да каса и да го слуша аголот на тренингот, а потоа тоа да го пренесе во борбата“, објави Кро Кап на Фејсбук.