Во интервју за Спортске новости легендарниот хрватски борец Мирко Филиповиќ се осврна на пресметката што наидува меѓу Стипе Миочиќ и Френсис Нгану на УФЦ 220. Кро Кап е голем пријател на Стипе, а двоецот се зближи за време на заедничката подготовки во салата на Филиповиќ во Загреб.
Запрашан кој има предност во главната борба на УФЦ 220 која е на 21 јануари во Бостон, Кро Кап е неопределен.
„Може да победи Стипе, но и Нгану. Нема голема разлика“, вели Кро Кап, додавајќи дека секој од борците има свои сили во овој дуел.
„Нгану физички е малку помоќен, потежок, малку повисок од Стипе. Но, Стипе технички е поткован, поискусен, подобар борач …“, додаде Филиповиќ.
И Мирко забележал дека УФЦ го фаворизира противникот во однос на шампионот. Нешто што секако не и оди на чест на елитната светска ММА промоција.
„Можеби на УФЦ поради некои причини и одговарла победата на Камерунецор, бидејќи неговата приказна е бајла. Тој работел во рудник за сол, па бездомник, сега доаѓа во УФЦ – маркетиншки можеби е поисплатлива приказна. Стипе од друга страна е притаен, скромен, не зборува премногу, не се расфрла, а, за жал, тоа не му одговара на УФЦ“, заклучи Филиповиќ.
Кро Кап успешно го одработи мечот на Ризин на крајот на годината. Отприлика за една минута го совлада Јапонецот Косака, со што ја продолжил својата непобедливост на осум последователни средби. Во 2018 година Филиповиќ го очекуваат два или три настапи за Ризин.