Кро Кап: Што му е гајле на некого дали сум или не сум му честитал на Миочиќ. Мојот однос со него е моја приватна работа

Мирко Филиповиќ се огласи преку Фејсбук во врска со јавната расправа околу честитувањето на Стипе Миочиќ откако повторно стана шампион во тешка категорија на УФЦ.

„Таман кога човек ќе помисли дека ништо не може да го изненади, гледам дека Хр-порталите се вклучија во расправта дали му честитав или не на Стипе Миочиќ. Па дали е можно?

Па сè уште не верувам дека има луѓе на кои толку им е досадно и толку им е добро во животот па се мачат со нешто толку тривијално како тоа дали му честитав или не ?! Дали е можно тоа? Па, што им гајле дали сум или не сум? А го гледам дека им е, за жал. Мојот однос со Миочиќ е моја приватна работа, и ако имам потреба да му кажам или да му испратам нешто, тогаш тоа и го правам. И тоа на неговиот приватен број. А да се прави јавна тема од некакво честитање е срамота.

Прво од поединци кои се толку плитки, па и воопшто го спомнуваат тоа, а второ, медиумите да го потенцираат тоа. Срамота. Можеби грешам, но не забележав дека некој од медиумите или поединците кои ми праќаат пораки со прашање „дали му честитавте на Стипе“, тоа истото му го постави и на Миочиќ, откако го освоив појасот на Ризин. Секако не. Затоа што тоа е ирелевантно. И навистина е така. Тоа е приватна работа.

И не е важно луѓето кои се многу блиски до Стипе (поединци во неговото семејство) јавно навиваа против мене. И напиша коментари поолни со омраза за мене во пресрет на борбата. И ден-денес го прават истото, а со ништо не предизвикани. Небитно е, затоа што тие луѓе на мене ништо не ми значат и тоа сигурно не е ставот на Стипе. И тие може само да ме мразат и ништо повеќе. А Стипе е навистина одличен лик и голем шампион и ја има целата моја почит и симпатиите од моја страна.

И му испратив честитка, се разбира. Затоа што го сакам и тој го заслужува тоа. Но можев и јас да добијам честитка од него по победата на РИЗИН, но не добив. Но сепак, тоа е работа меѓу мене и него. Така и треба да остане. Поздрав!“, објави Кро Кап преку Фејсбук.

https://www.facebook.com/mirkocrocop7777/posts/2694576510587029
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON