Кро Кап се врати на целосен тренинг? (ФОТО)

Нешто повеќе од еден месец помина откако беше опериран по тешката повреда, а Мирко Филиповиќ преку Инстаграм дава сигнали дека да се вратил на полн тренинг.

На кратко, Кро Кап постави фотографија на Инстаграм со Дарко Стошиќ со коментар „се вратив на тренинг“. На сликата можеме да гледаме како цврсто стои со двете нозе на земја, а минатата недела не се потираше на левата нога додека работеше вежби за снага во салата. Без разлика дали ова е вистинско враќање на целосен тренинг, секако без удари со споменатата нога или Кро Кап или се уште внимава, не може да знаеме од оваа фотографија.

Што се однесува до Стошиќ, ситуацијата во салата сега прилагодена на него, ,бидејќи се подготвува за неговото деби во УФЦ, кое ќе се одржи на 22 јули во Хамбург, односно до таа борба му остана нешто помалку од четири недели. Поранешниот шампион во тешка категорија на ФФЦ ќе се бори против поранешниот првак во полутешка категорија на ФФЦ, Џереми Кимбал.

Што се однесува до Кро Кап, тој вети брзо враќање, многу побрзо отколку што велат сите прогнозите, а се чини дека сериозно работи на тоа.

https://www.instagram.com/p/BkdLhhyH1QE/?utm_source=ig_embed

.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON