Кро Кап се обиде да ги насамари своите навивачи (ФОТО)

Мирко Филиповиќ одлучи да си поигра со фанатазијата на своите фанови. На Инстаграм објави најава за следниот меч, а многумина во првиот момент не се сетија кој датум е денеска.

Иако Мирко Филиповиќ нагласи дека нема шанси за негово враќање на борбите, по коментирите на социјалните мрежи лесно е да се заклучи дека кај неговите навивачи тлее некоја надеж. Тие веруваат дека неговата здравствена состојба може многу да му се подобри и дека ќе се врати, барем за уште еден настап.

Бидејќи денеска е 1 април, се чини  дека Мирко Филиповиќ се одлучи малку да си поигра со таквите. На неговиот Инстаграм постави монтажа која најавува борба против Марк Хант во август оваа година. Иако многумина веднаш ја препознаа шегата, можеме да видиме од коментарите како некои на прва тврдеа дека Кро Кап уште еднаш чудесно закрепнува. Се разбира, тоа беше само шега.

Кро Кап и Хант се сретнаа во рингот на Прајд на последниот ден во2005 година, а Хант тогаш славеше со поделена судиска одлука. Кро Кап претходно славеше во К-1 рингот. Хант е инаку една година постар од Филиповиќ, а кон крајот на минатата година го одработи договорот со УФЦ. Сепак, рече дека не ја завршува кариерата, туку дека и понатму ќе се бори. Се очекува неговото име наскоро да османе на некоја програма на промоцијата Ризин.

https://www.instagram.com/p/Bvtfg6KAxyR/?utm_source=ig_embed

.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО