Мирко Филиповиќ (32-11-2) го дозна противникот за четвртфиналето на настанот за Големата награда на Ризин.
Кро Кап во Саитама на 29 декември ќе се бори против поранешниот шампион на Страјкфорс во полутешка категорија Мухамед Лоуел (20-5). Минатата година „Кинг Мо“ го освои турнирот на Ризин, а минатата сабота на настанот на Белатор во Даблин го порази Сатоши Иши.
Лоуел на минатогодишниот турнир во четвртфиналето го нокаутираше Брет Мек Дермот, во полуфиналето со судиска одлука го елиминира Теодорас Аукштуолис, а во финалето го нокаутираше Јиржи Прохаска.
Хит Херинг го замени Шејн Карвин во борбата со Амир Алиакбари.
Другите двојки се Валентин Модавски – Шимон Бајор и Цујоши Кохсака- Каидо Ховелсон „Баруто“.
Ако победи, Кро Кап во полуфиналето би требало да се бори со победникот од мечот Баруто – Кохсака.