Откако меѓународните медиуми ја пренесоа веста дека Кро Кап повторно, по трети пат, потпишал договор со УФЦ, потврдата пристигна и од официјалниот веб-сајт Филиповиќ.
На неа осамна пораката со која се открива кога прв пат ќе се бори, а тоа е во април оваа година. Филиповиќ се заблагодарува за поддршката, а како мотив за повторниот потпис ги наведува реваншите кои сака да ги направи пред крајот на неговата кариера Филиповиќ за хрватските медиуми вечера потврди дека ставил потпис на договорот со УФЦ, а подетални изјава може да се очекуваат денес.
„Драги пријатели, информациите кои се појавуваат на различни портали за моето враќање во УФЦ се точни! Првата борба ќе ја имам во април! Ви благодариме на сите за поддршката“!, напиша Филиповиќ на својот сајт.
„Постојат некои борби, кои навистина би сакал да ги направам пред крајот на кариерата, станува збор за некои реванши кои сакам да ги направам повеќе од било што друго, без оглед на тоа дали јас ќе победам или не, ќе се подготвам максимално и навистина ќе дадам се од себе, му благодарам на УФЦ што ја испони желбата и што ќе ми го овозможи тоа“!, се вели во пораката на mirkofilipovic.com .
Последна борба на Кро Кап во УФЦ беше во 2011 година, кога беше поразен од страна на Рој Нелсон. Иако се шпекулираше за прекин на кариерата, Филиповиќ се врати во 2012 година и го освои К-1 World Grand Prix во Загреб, а подоцна се натпреваруваше во Глори – најдобрата светска кик бокс организација, притоа забележа пораз и победа.
Најдобар насатап во УФЦ, веројатно, го имаше против Пат Бери, а покрај него ги порази и Мустафа ал Турк, Еди Санчез и Ентони Перош. Отказот го чинеа последните три порази со прекин од Миро, Шауб и Нелсон, а загуби и од Дош Сантош, Конго и Гонзаге. Вкупниот резултат во УФЦ му е четири победи и шест порази, но сега, очигледно ќе имаат можност да се поправи …