Најголемата светска ММА организација деновиве се потсети на големата победа на хрватскиот легендарен борец Мирко Филиповиќ од 2004 година во Прајд.
Имено, УФЦ на социјалните мрежи објави видео од победата на Кро Кап против Рон Вотерман на настан на легендарната јапонска ММА организација наречена Инферно.
Филиповиќ победи со прекин во првата рунда по серијата жестоки удари.
Прво го удри противникот со „хај-кик“, а продолжи да го удира додека Ватерман не падна на подот.
Работата заврши со удари кои денес се забранети во светот на ММА т.н. „фудбалски удари“. Тоа се удари во глава додека противникот е на подот.
Борбата на Кро Кап против Рон Вотерман беше негова прва во 2004 година, а таа година имаше дури осум меча во Јапонија.
Тој го победи и Џош Барнет и загуби само една борба против Кевин Рендлман. Но, му возврати на Американецот на новогодишната ноќ, кога го совлада со гилотина.