Мирко Филиповиќ на 28 ноември, во Јужна Кореја, ќе се бори против Ентони Хамилтон, а по победата против Гонзага ќе настојува да ја продолжи успешната серија.
Хамилтон во ниту еден момент не беше споменуван како потенцијален противник на Кро Кап. Сите очекуваа звучно име, но Хамилтон е борец кој може да биде многу опасен, бидејќи против Филиповиќ ќе бара можност да се докаже. Свесен е за тоа и Мирко Филиповиќ, противникот го доживува крајно сериозно што го потврди во интервјуто за ИнМагазин.
„Нема потценување. Ниту еден противник никогаш не сум го потценил. Впрочем, човекот е поголем, потежок, повисок, затоа морам да бидам максимално подготвен. Јас верувам во мојата победа, но за да се изборам,морам да бидам подготвен. Потоа доаѓа третата борба. Третата ќе биде против еден од борците кои беа на мојата листа кога се договарв со УФЦ, некој од оние со кои сакам да се борам“, рече Кро Кап.