Мирко Филиповиќ (37-11-2, 1 НЦ) утрово тргна на пат за САД каде што идниот викенд на 16 февруари ќе ја одработи својата 52-тата ММА борба.
На Белатор 216 настанот во Анкасвил, Конектикат, Кро Кап во кафезот ќе го чека познато лице, Рој Нелсон.
Мирко отпатува во друштво на неговиот главен тренер Стипе Дрвиш кој на Инстраграм сподели заедничката фотографија од нивниот лет.
„Њујорк,пристигнуваме“, се вели во коментарот на објавата.
На Филиповиќ ова ќе му биде шанса да му се реваншира на Нелсон кој го победи во 2011 година на УФЦ 137 во Лас Вегас.
„Тоа дефинитивно беше едно искуство за мене. Денес сум во многу подобра форма и подобар борец од 2011 година, иако имам 44 години, а тогаш бев помлад“, изјави за првата битка Филиповиќ во интервју.
https://www.instagram.com/p/BtskXrjgEL4/?utm_source=ig_embed
.