Кро Кап одржа семинар во Италија (ФОТО)

Откако неодамна објавува дека од задравстевни причини дефинитивно ја завршува боречката кариера, Мирко Филиповиќ ќе продолжи да ги пренесува знаењата на новите генерации.

Легендарниот 44-годишен борец одржа семинар во Виченца, Италија.

„Синоќа одржав семинар во Виченца. Беш одлично и брзо помина, иако работевме цели три часа. Семинарите се дефинитивно една од работите прку кои ќе останам активен во боречките вештини, се разбира, покрај работата со Анте Делија, Сатоши Иши и Саша Милинковиќ, кои тренираат во мојата сала и на кои сега ќе може да и посветам време и внимание кои со ниванта работа и однесување го заслужуаваат“.

„Јас, дефинитивно, повеќе нема да се борам, а ниту смеам и не сакам да го ризикувам здравјето и тоа дефинитивно го пресеков. И покрај тоа што се чувствувам добро, се уште сума на лекови до 1 јуни, а потоа ќе може да се посветам и на малку посилни тренинзи за своја душа, бидејќи  не можам да опишам колку ми недостасуваат и затоа што уживам во нив. А засега работам повеќе дозирајќи ги тренинзите, затоа што не смеам телото да го изложувам на преголеми напори додека трае на терапијата, а ниту семам целосно да престнам со тренинзите за време на терапијата, бидејќи тоа навистина лошо би влијаело на целото тело, а особено на срцето, затоа што моето тело е научено на секојдневно вежбање и физички напор. А на оперирните колена, на кои им се потребни вежби и мраз по нив или инаку ме болат, да не споменувам…“објави Кро Кап на Фесјбук.

.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON