Кро Кап одбил неколку баснословни понуди: Заминувам среќен, задоволен и исполнет, заминувам како победник!

mirko-so-pojasot-na-rizin-i-krenati-race

Мирко Филиповиќ уште вчера го објави крајот на својата кариера во при гостувањето на Нова ТВ. Легендарниот Кро Кап остави можноста за одработување на проштална борба во Јапонија, но и самиот истакна дека голема улога во спроведувањето на таквиот план ќе одигра неговата борба со повредите.

Откако го слушнавме преку ТВ екраните, Мирко почувствува потреба и да им се обрати на своите фанови преку Фејсбук профилот. Во долгата и детална објавува, Кро Кап открива кога би можеле да ја гледаат неговата проштална борба, но, исто така, укажува на тоа дека нема ништо против тоа бортбата за Големата награда на Ризин да биде неговиот последен настап, затоа што, како што вели самиот, заминува како победник, среќен, задоволен и исполнет.

„Драги пријатели и сите вие кои ја следевте мојата кариера, сакам да ве информирам, како што реков синоќа во Деневникот на Нова ТВ дека Ризин ГП беше моето последно натпреварување.

За жал, моето здравјето ми е нарушено и не сум веќе во можност да го следам убиствениот ритам и супер напорните тренинзи кои се нужни за занимавање со кој било спорт, а камоли со слободна борба. Коленото ми е тешко оштетено и се полни со некаква течност по секој напорен тренинг, а таков е секој. Ме чека петиот операциски зафат на коленото и десети вкупно, а точниот метод со кој ќе се обидеме да го рехабилитираме ќе го знам за неколку недели откако ќе се направи магнетна резонанца. На десното колено веќе пред 8 години отидоа круцијалните и колатералните лигаменти, менискусот кој е изваден, а во пресрет на последните подготовка страдаше и ‘рскавицата. И коленото повеќе не може да трпи крвави тренинзи, а ни јас, да бидам искрен.

За време на овие подготовки одев преки границите на болка да ги одарботам подготовките како што ги зацртав и да бидам подготвен како што треба. Во последните четири недели дури не можев да трчам од болки во коленото и повеќе не сакам да го пунктирам на коленото на крајот на секоја недела, не изгореници од мразот што ги имам на коленото поради тоа што морам по секој тренинг да го сзамрзнувам. Тоа мачно, но се заинатив и си реков дека морам да го освојам турнирот на Ризин и да заминам како шампион, а тоа е бесценето. Во последните неколку дена добив неколку баснословни понуди, но им се заблагодарив за сите. Секогаш говорев дека ќе тренирам и ќе се борам додека тренинзите ќе ми бидат задоволство, но навистина повеќе не можам. Тело ми е истрошено од крвавите тренинзи и нема смисла да продолжам понатаму. На крајот на кариштата треба да се мисли и на здравјето и на животот што е пред мене.

Реков дека би сакал да одработрам проштална бопрба во Јапонија и тоа ќе биде одлично, се разбира, ако успеам да го рехабилитирам коленото да може да издржи уште едни подготовки, но тоа е многу дискутабилно. Тоа, евентуално, би можело да биде можно во втората половина на годината, но и да не се случи таа борба заминувам среќен, задоволен и исполнет. Си заминувам на најдобриот можен начин, како победник, а тоа е бесценето.

За жал, многу големи шампиони не ја имаа таа привилегија и задоволство затоа што не знаеја кога да запрат и си заминија со серија порази, кои не ги намалува нивната големина и достигнувања, но остава горчлив вкус. Мислам дека ова е најдобриот момент за повлекување и затоа сум пособено среќен, бидејќи да си заминеш како победник, верувајте нема цена! Ви благодарам на сите од срце за вашата поддршка во мојата еве 20 години долга кариера и благодарам на секоја порака и топли зборови што ми ги испративте“, напиша Филиповиќ.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО