Мирко Филиповиќ се одмара по операцијата со која ја реши повредата предниот вкрстен лигамент на коленото, но веќе размислува за тоа кога може да се врати на целосно на тренинзите и на борбите кои се пред него.
Кро Кап за Вечерњи лист открива дека неговите планови се уште се исти, односно се надева дека ќе се бори против Рој Нелсон во ноември, а потоа и завршување на кариерата во последниот ден од декември, каков што беше планот, пред да скокне во целата приказна Белатор. Тренингот е начин на живот на Мирко и тоа е она што најмногу му недостасува во овие моменти, кога за побрзо закрепнување се бара строго мирување.
„Јас сум фанатик за тренирање и сакам што побрзо да се вратам на вежбањето со полна сила. Прво заради квалитетот на животот, но веднаш штом се опоравувам навистина сакам да се борам со Нелсон. Нема тука зла крв, јас го почитувам како борец, но пред да се повлечам морам да му докажам дека сум за класа подобар борец од него. Максимално ќе трудам за да закрепнам. Да е некој друг противник, би ми било се едно, но нанего баш сакам да му вратам за поразот, што е можеби помалку и детинесто од мене“, откри легендарниот борец, а уште додаде за тоа зошто нема намера да престане, но и покрај оваа повреда тоа не се откажува од своите планови до крај….
Целото интервју може да го погледенте ТУКА.