Кро Кап: Најдобриот тренинг камп кога и да било

Мирко Филиповиќ (37-11-2-1НЦ) се подготвува за дебито во Белотор на 16 февруари во Анкасвил.

44-годишниот Кро Кап влегува во реваншот со Рој Нелсон (23-16) со низа од девет победи.

Боречката легенда на Фејсбук објави фотографија со борците кои му помогаат во подготвките со порака: Најдобриот тренинг камп кога и да било.

На фотографијата беше поранешниот светски боксерски шампион Стипе Дрвиш, ММА борците Анте Делија, Дарко Стошиќ, Саша Милинковиќ и Сатоши Ишии и кикбоксерот Томислав Чикотиќ.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО