Кро Кап на Гранд при на РИЗИН

Kro Kap na Rizin

Мирко Филиповиќ денеска во Јапонија е претставен како учесник Гранд при на РИЗИН.

Јапонската организација одржува турнир во отворена категорија кој почнува 25 септември во Токио, а покрај Кро Кап настапува уште една легенда на Прајд, Вондрелеј Силва.

Филиповиќ се уште е под суспензија од страна на Американската анти-допинг агенција, а Ризин објави дека хрватскиот борец го раскинал договорот со УФЦ. Суспензијата го спречува да се бори во САД, но не и во Јапонија.

Вториот круг за Големата награда се одржува 29 декември, а завршицата е за Нова година.

Силва (40 г.) ќе биде еден од четирите борци кој ќе биде слободен во првото коло. Првата објавена борба во осминафиналето е онаа меѓу Барут и Казујуки Фуџита. Наскоро ќе бидат објавени на имињата и на другите учесници на турнирот.

Rizin sema borbi

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON