Кро Кап на Фејсбук објави лого на Белатор! Се подготвува ли голем реванш со Федор? (ФОТО)

На официјалната Фејсбук страница на Мирко Кро Коп Филиповиќ осамна логото на Белатор – ММА организацијата.

Белатор е познат по потпишувањето на ММА легендите, па така во нивниот ростер се наоѓа легендарниот шампион на Прајд, Федор Емелијанеко, со кого хрватскиот борец во 2005 година направи ја одработи „борбата на деценијата“ во Јапонија.

Дали ова значи дека во иднина Кро Кап ќе дебитира за американската промоција и потенцијално да му се реваншира на Федор, засега е непознато.

Филиповиќ се уште е активен во 43-тата година и ужива во серија од осум победи. На крајот на 2016 годинај го освои Гран-прито на јапонската Ризин, а во последниот настап минатата година во истата промоција го нокаутира Цујоши Косака.

Федор во моментов е учесник на турнирот за Големата награда на Белатор, во кој следниот месец ќе се соочи против поранешниот шампион на УФЦ, Франко Мир, следниот месец.

https://www.facebook.com/mirkocrocop7777/posts/1916986948345993

.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО