Ризин објави ново издание на списанието „Rizin Confessions“ (број 24), кое се присетува на нивниот последен настан, кој се одржа пред отприлка еден месец.
Секако, за луѓето од регионот најинтересен е делот од видеото што може да се гледа за бесплатно на Јутјуб сервисот, кој ја покажува борбата и на настаните пред и по натпреварот меѓу Мирко Филиповиќ и Роке Мартинез.
„Се опоравив многу брзо, побрзо отколку што некој можеше да замисли. Сега сум поопасен отколку во деновите на Прајд. Мислам дека сум подобар борец денес“, тврди Кро Кап во интервјуто пред мечот.
Своите тврдења ги докажа и во самиот дуел, каде што рутински го порази борецот од Гуама откако лекарот го прекина мечот во првата рунда поради големата исеченица на главата на Мартинез.
Камерите на Ризин откриваат разговор и меѓу Роке Мартинез и неговиот тренер во моментотр на излегување од салата, пр што тренерот тврди дека не се работи запораз и дека бил одличен до тој момент.
Во продолжение во собата на Мартинез се појавува и Кро Кап, кој му пружа рака и му кажува дека со обѕир на исеченицата и начинот на кој заврши борбата заслужува реванш.
„Заслужуваш реванш. Можеби Нова година …“, му понуди Филиповиќ.
Да не ви ја откриваме целата содржина на магазинот со времетраење од половина час, погледнете ја сами во продолжение.
https://twitter.com/nobu_sakakibara/status/1053530225936494593?ref_src=twsrc%5Etfw%7Ctwcamp%5Etweetembed%7Ctwterm%5E1053530225936494593&ref_url=http%3A%2F%2Ffightsite.hr%2Frubrike%2Fvijesti-iz-regije%2Fcro-cop-stisnuo-ruku-martinezu-i-porucio-mu-zasluzujes-revans-mozda-na-staru-godinu-video%2F
.