Кро Кап: Ми понудија укинување на суспензијата ако исцинкарам некој борец

Mirko sedi pred kafez

Во интервју за телевизија РТЛ, Мирко Филиповиќ даде некои шокантни изјави.

Кро Капp изјави дека Американската анти-допинг агенција била волна да му ја укине двегодишната суспензија ако тој открија некои имињана соборци кои користат нелегални средства. Хрватски борец е под суспензија поради тоа што на УСАДА и призна дека го употребувал и поседувал хормонот за раст.

„Сега јас ќе ви кажам навистина што се случи, тоа се уште никому не сум го кажал, освен неколку блиски пријатели. Јавно се уште не сум го кажал. Како прво, не стануваше збор за допинг. Бев тестирани пет или шест пати. Никогаш не сум користел никаков допинг, ниту, пак, сметам дека имам потреба за тоа. Допингот во боречкиот спорт не се рефлектира на ист начин како и во другите спортови, како во дигањето тегови или тркачките дисциплини, бидејќи овде е потребна вештина. Ако немаш вештина, ти си „метла“. Добивме известување од УФЦ и дека тој е во надлежност на УСАДА, дури и морав да поминам и видео туторијал. Буквално тоа мора да се погледне на крајот – за се бев свесен и е знаев. Како дојде до повреда? Јас тука погрешив. Почнувајќи со подготовките, работев склекови, подигања… Но некои специфични работи не можев, затоа што бев повреден. На пример, не можев да работам борење. Тоа полека се санираше, УФЦ ми понуди борба кон крајот на седмиот месец која морав да ја одбијам. Потоа прифатив борба за 11 месец, а подготовките беа интензивни. Го Одлагав почетокот на завршните подготовки за ногата што подобро да ми се опорави. Тогаш почна интензивното борење. Доаѓаше Јосо Матковиќ, борач од 150 килограми, а неговата задача беше да се обиде да ме собори. Му ја протнав раката под рамениците, а тој со целата тежина се „обесеи“ на мојата рака. Го добивав, го кревав, го префрлав, а по неколку недели – тоа е едноставно пукна. Мускулот беше премногу иритиран и пукна, тетивата беше повредена, во рамото имаше излив на крв. Лекарот рече веднаш да престанам со тренинзи, па ги минимизирав, работеве колку ми дозволуваше здравјето. Затоа го земав хормонот за раст, а што правилата УСАДА го дозволуваат тоа.

Третманот трае 11 дена, дозите беа медицински. Тоа воопшто не ми помогна, бидејќи не престанав со тренинзите. Како да си играш со ѓаволот, од Швајцарија дојдоа да ја проверат мојата крв и допингот. Дадов крв и урина, кажав што користам. Знаев дека хормон за раст забранет ако ги прашам, а јас не ги прашав за дозвола затоа што немаше време. Тоа е лек, тоа нема врска со допингот – тоа не ја подобрува ефикасноста, не дава сила, туку го забрзува лекувањето. Само во поголеми количини во комбинација со други супстанции може да биде допинг. Јас не го споменував тоа, бидејќи прво сакав да се конслутирам со работодавачот. Докторот ми даде налог – во правилата на УСАДА стои – доколку не постои алтернатива, дозволено е лечење со хормонот за раст, со задолжителна консултација со нив. Јас не се консултирав. Се јавив на „офицерот за врска“ во УФЦ и кажав што се случило. Рече дека тоа е во ред, и дека требало да побарам дозвола, но нема да има проблем. Го испратив мојата e-mail, бидејќи тој ме праша за тоа. Тука, како и најголем наивец, ја „испушив шегата“.

„Доби повик од УСАДА и ми рекоа дека моето признание за користење на допинг и потег за пофалба. Ништо не ми беше јасно. Мојот е-маил е проследен до УСАДА и тие го искористија како мое признание. Ми дадоа две години суспензија, бидејќи јас „бев фер“. Тие го експлоатираа тоа, им требаше големо име за да покажат дека држат контрола и тука ме искористија. Ми падна мрак пред очи, ми се згади. Рамото беше болно, под знак прашалник неговата функција и сега уште ова – се ми дојде преку глава, мајка ми плачеше, луѓе се насладуваа, ставаа дамка на целата моја кариера.

Ниту не тренирав, ќе се најадеш некакви анаболици, стероиди, иако тоа нема врска со тоа. Се сеќавам кога беше тој господин, луѓето беа коректни. Ги прашав кога ќе бидат готови наодите, рече најдоцна до 1.12. Тие дојдоа околу 1.11. Ги испраќаа во лабораторијата во Лондон. Помина 1.12, мизерни се чувствував, рамото ме болеше, тимот се насладуваше… И да сум виновен, би рекол луѓе – се извинувам, не ги земав со лоша намера… но земав лек кој е на листата на забранети. Знаев дека тоа е забрането и дека треба да побарам дозвола, а по правило секогаш даваат одобрување ако не постои алтернатива. Ниту тоа не помогна. Мускулот целосно пукна. Во автомобилот имам магнетна резонанца, човекот потпиша се и ми даде да го земам тоа. 15.12. ништо, Нова Година ништо, на 6 јануари се јавив и ги барав наодите. Во февруари веќе и беше непријатно. Ме суспендираа, а резултатот беше сосема чист, тие не најдоа ништо. Не затоа што не го земав хормонот за раст. Го земав, бидејќи лекарот ми го рече тоа. Тоа беше единствената алтернатива да се лекува рамото. Еден ендокринолог потврди дека тоа е така и дека нема маслосување.

Тие го испратија тоа, веднаш и реков ме симнат од лситата и да ме рехабилитираат. Тие тука се во право – го зеде без прашање. Но, тоа нема никаква врска со допинг. Тогаш ангажирав американски адвокат. Ми рече дека има право на жалба. Тогаш тие  рекоа дека штотуку истекол рокот за жалби. Да се јавев порано, тоа би било тоа и тие ќе ја укинеле суспензијата, би донел медицинска документација. Ако успеев да закрепнам, тоа ќе беше конечен износ. Но, јас се откажав, ми се згади, и реков дека не сум за тоа. Тие се држат како слеп за стап и не сака ништо да ми кажат. Беа коректни во комуникацијата, но во мојот случај – ако наодот е негативен, не смееја да ми го направат тоа. Имаше случаи со Френк Мир. Тој одработи борба под влијание на допинг, а не некој лек. Му најдоа два анаболички стероиди и доби истата казна како мене. Јас сум целосно чист и немам ниту трага на допинг, а јас ниту борбата не ја одработив. Уште ме цинкарат како последен морон. Не се лутам на никого, но според мое мислење тоа не е фер и недолично. На крајот ми понуди укинување на суспензијата ако исцинкарам некој борец. Не можев да верувам дека одат така за да ме понижат до крај. Имам своја сала и не знам кој што користи, ниту би им рекол да знам. Им реков, може да ми забранат да се борам во УФЦ, но душате не може да ми ја земат. Ако е тоа нивотро на организацијата која се бори за чистотата на спортот, да уценува борец … Ниту ми падна такво нешто на памет. Ниту знам некого ниту би упаѓал во такво нешто. Има ли поголемо дно од тоа? Да ми е најголем непријател, не би го сторил тоа. Но такви се правилата, не се лутам на никого. Требаше да молчам, испаднав наивен како француска собарка. Семи дојде преку глава.

-Мирко, бевте на УФЦ во Загреб, дали ти беше жал што не можеше да настапиш?

„Имав одлична соработка со УФЦ и одлична комуникација, тоа е одличен тим. Во исклучително коретктни односи, немам забелешки на нив. Ми беше задоволство да се биде дел од УФЦ. Но како се случи тоа, УСАДА не требаше да регаира како што го направи тоа, но нема да кукам – што беше, беше. Кога ќе се повлече црта, не смееја да реагираат на таков начин. Да ме суспендиран за шест месеци или предупредеа, ќе беше доволна казна. Иста казна да ми дадат на мене и некој како Френк Мир.  Тоа беше лош период за мене од денот кога објавија. Тие рекоа дека сум ја прекршил анти-допинг политиката. Сега ја забранија и инфузијата. Да земев инфузија од половина литар на витамини, тие ќе речат – ја призна инфузијата и еве ти две години. Борбата против допингот мора да постои, ноне може да се претвори во лов на вештерки“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON