Кро Кап: Ме расчеречија ни крив ни должен!

Cro Cop maši

Американската анти-допинг агенција (УСАДА) го суспендираше Мирко Филиповиќ поради кршење на анти-допинг правилата на две години, а потоа тоа го потврди и УФЦ. Своето видување за оваа одлука Кро Кап го објасни во изјава за хрватската Нова ТВ.

По пристигнувањето на официјалната вест дека е суспендиран на две години, Кро Кап на таа зборуваше во интервјуто за Нова ТВ. Филиповиќ беше суспендиран поради употребата на хормони за растење, а како причина за употребата на овие нелегални супстанци ја наведе повредата на рамото која на крајот го принуди да ја заврши кариерата. Кро Кап за се ја известил УФЦ, а потоа уследи истрага и притоа е одредена суспензијата.

„Точно е дека таа агенција ме суспендираше и дека ме расчеречија ни крив ни должен. Бев суспендиран врз основа на мојот телефонски повик, бидејќи кажав дека имам тешка повреда. Тоа исто средство е дозволено под претпоставка јас да ги повикав нив“, изјави Кро Кап за Нова ТВ.

Проблемот е во фактот што употребата на оваа терапија не ја пријавил навреме, бидејќи ако прател лекарско одобрување, по кое тоа би му било единствениот начин да го спаси рамото, ќе добиеше дозвола од УСАДА, која на крајот го суспендираше.

„Без врска, воопшто суспензијата не беше потребна. Го информирав на УФЦ дека сум повреден и дека не можам, бидејќи е преголема пауза од борбата со Гонзага и дека моето пензионирање е мојот конечен и единствен избор. Беше непотребно“, додаде Кро Кап.

„Јас немам ништо од тоа што ќе бидам појак, побрз, посилен … се што има врска со допингот. Мене веќе ми е незгодно да се оправдувам. Нема смисла. На никого не му должамосвен на навивачите и тоа само поради нив го кажувам, поради луѓето кои ја следеа мојата кариера и кои ме поддржуваа. Се повлеков со голема серија на победи, тоа е одлично, за жал, се случи повредата. Подобро повреда отколку пораз. Самиот на себе се смеам што бев така наивен. Секое лошо за некое добро. Ни повеќе ни помалку“, заклучи Мирко Филиповиќ.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON