Мирко Филиповиќ и Стипе Дрвиш повторно се ѕвезди на социјалните мрежи, по видеото што го објави Дрвиш на Фејсбук, каде што прво малку спарираат, а потоа разговараат за некои актулености во боречкиот свет и пошироко, во комуникацијата со присутните фанови.
Стипе Дрвиш ова видео го објави синоќа во живо за да видат навивачите како изгледа обична вечер во салата на Мирко, каде што тие и понатаму редовно тренираат, иако најдобриот хрватски борец во историјата го објави конечното пензионирање. Но, како што вели и самиот, од салата никогаш нема да излезе туку ќе ја одржува формата додека е жив. И Филиповиќ е сосема сериозен во тие намери, па од тие причини не за изненадување неверојатна форма која често ја презентира преку Фејсбук.
За цело време на преносот љубители оставаа коментари, па на карајот момците седнаа и малку меѓусебно разговараа, но и одговорија на некои прашања или забелешки кои доаѓаа од страна на оние кои го следеа преносот. Погледнете како изгледаше тоа како во салата на Кро Кап!
https://www.facebook.com/stipe.drvis/videos/10212289068055767/
.