Кро Кап-Гонзага преку статистика!

cro cop gonzaga prekid

FightMetric.com го објави статистички податоци за еден од најочекуваните возвратни мечеви во историјата на ММА. Гонзага и во првата и втората рунда упати многу повеќе удари од неговиот противник, но, и покрај тоа, Кро Кап славеше.

Филиповиќ во саботата мирно и мудро го побдеи Габриел Гонзага. Првите две рунди се бореше доста дефанзивно, за да го умори противникот, кој не е познат по кондицијата.

tabela kro kap gonzaga

Како што покажува во статистичката табела, Гонзага во првата рунда имал 20 удари, од кои 6 беа значителни (30%) (significant), додека Кро Кап во истита рунда погоди осум удари, од кои еден беше значаен (12%).

Бразилецот во втората рунда упати 11 значајни од 20 удари (55 %), додека Мирко направи 1 значаен од 4 упатени удари ( 25%).

Во третата рунда веќе приказната доби поинаков тек. Гонзага испрати два значајни удари од 7 изведени (28 %), а Филиповиќ имаше 19 значајни удари од 34 изведени ( 55%).

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON