Кро Кап добил понуда да биде кодош, за да му ја намалат казната

Мирко Филиповиќ – Кро Кап по позитивниот допинг тест беше суспендиран на две години од УСАДА (Аантидопинг агенцијата на САД), а за да му ја намалат казната му понудиле многу слична понуда како онаа на Џон Џонс – да биде кодош.

Поранешниот шампион во полутешката категорија Џон Џонс кој падна на на допинг тестот за УФЦ 214, од УСАДА доби казна само од 15 месеци, суспензија која многу луѓе ги стави во недоумица.

Стана јасно дека Џон Џонс доброволно и дал информации на УСАДА за други спортисти кои ги прекршуваат антидопинг законот, за да го намали рокот на казната. Токму поради тоа, Даниел Кормиер вчера во коментарот навести дека Бонс е поткажувач.

Мирко рече му ја понудиле истата опција на сослушувањето.

„Конечно тие ми понудија да го намалат рокот ако предадам друг борец. Не можев да поверувам дека ме понижуваат на овој начин. Јас си тренирам во мојата сала и, не знам што прават луѓето на другите места, па дури и да знаев – немаше да им кажам. Им реков дека можат да ме сопрат да се борам во УФЦ, но не можат да ми ја земат душата. Ако организација која се бори за чист спрот е на такво ниво и си ги уценува борците … може ли да паднат пониско? Јас не би го направил тоа ниту на најголемиот непријател, но тоа се нивните правила, јас не сум лут на никого“, истакна Филиповиќ.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON