Гостувајќи во Дневникот на Нова ТВ, Мирко Филиповиќ раскажа се за денот кој засекогаш го промени неговиот живот. Денот кога доби мозочен удар, со што стави крај на неговата голема боречка кариера.
Мирко Филиповиќ доживеа мозочен удар на крајот на февруари, кратко време по настанот Белатор 216, ма кој го совлада Рој Нелсон. По таа тешка борба не зеде одмор, туку се врати во салата. И пред тој настап осети потешкотии во вратот, но првите прегледи не укажуваа на проблем. Така, Кро Кап ја одработи борбата и продолжи да тренира за следниот предизвик, но во меѓувреме се случи мозочниот удар. На денот кога се случи сето тоа, се присети во големиот разговор за Дневникот на Нова ТВ.
„Доживеав мозочен удар поради механичка стимулација, додека огромното мнозинство го доживува истото поради истрошеноста на организмот. Вената ми беше оштетена од напорните вежби за вратот. Почувствував месец ипол пред борбата, при погледот зад грб во десно, дека ја губам свеста. Веднаш отидов кај лекар, ми направија магнетна резонанца и ми рекоа дека сè е во ред. Помислив дека се замислувам, но веќе тука вената почна да ми се расслојува како последица на 30 години напорната работа. Таков ја одработив борбата, без му спомнувам на некого за тоа. Тој ден на тренингот да не ја вртев слино главата, мозочниот удар немаше да ми се случи. Сепак, мислам дека ќе ми се случеше тоа порано или подоцна, но, за среќа, ми се случи да во салата, додека момците беа до мене“, изјави Кро Кап седејќи во својата дневна соба. Потоа продолжи за тоа како се чувствувал во првите моменти кога се случил ударот.
Целиот рагзовор може да го проследите на овој ЛИНК.