Хрватската легенда на боречките вештини, 49-годишниот Мирко Филиповиќ тренира секој ден и се уште е во одлична форма.
Деновиве Кро Кaп на својот Инстаграм објави видео од тренинг каде без проблем подига колега-приправник.
Спотот е придружен со песната Вајлд бојс од Дуран Дуран, која ја одбележа кариерата на Филиповиќ, бидејќи со неа влегуваше во арената.
Последната борба Мирко ја имаше во февруари 2019 година, кога со едногласна одлука го победи Рој Нелсон.
Недолго потоа доживеа мозочен удар и стави крај на кариерата, но не престана да тренира.
View this post on Instagram