Кристина Стојчевска: Не знам како изгубив, бев убедена дека победата ќе биде моја! (ВИДЕО)

Kristina na piedestal na Avstrija klasik -4

По успехот и освојувањето на сребрениот медал во категоријата до 55 кг во кик лајт, Кристина Стојчевска за ipon.mk вели: „Јас сум многу задоволна од мојот настап на Светскиот куп „Австрија класик““.

Kristina na piedestal na Avstrija klasik

Таа вели дека „Австрија класик“ е еден од најсилните купови и дека  резултатот е одличен. На Купот учествуваа нешто помалку од 2000 натпреварувачи од 31 држава.

Првата борба и беше со Австријанката Дорис Кохлер, која ја доби, како и втрата со Италјанка Цардонт Елена, а во финалето се бореше со Словенката Мелинда Рамадани.

Kristina na piedestal na Avstrija klasik borba

„Цело време водев во финалето и во последната минута беше 1-1. Навистина не знам како изгубив, бидејќи 100 отсто бев убедена дека победата ќе биде моја“, објаснува Стојчевска што се случувало во финалната борба.

Стојчевска вели дека  во нејзината категорија била пријавена и Дорота Годзина од Полска, со која минатата недела во Врашава имаше професионална борба и ја загуби. Не се борела оради повреда.

„Ама, беше покрај мене и ме бодреше“, раскажува Кристина.

Kristina na piedestal na Avstrija klasik borba 5

За квалитетот на противничките, со кои ќе се бори на Светското првенство, Стојчевска истакнува:Обично на овие купови се пијавуваат натпреварувачи кои потоа одат и на светско или европско првенство. Така штоа квалитетот е на високо ниво. Ова е добро искуство пред светското првенство, да видам до каде сум. Резултатот ме мотивира, да продолжам со тренинзи и натпреварувања“.

Kristina na piedestal na Avstrija klasik borba 2

Пред СП во план е да учествува и на Светскиот куп во Римини, „Бест фајт“ и на Балканскиот куп во Тешањ, БиХ, за потоа целосно да се фокусира на Светското првенство.

Kristina na piedestal na Avstrija klasik borba 3

Уште не знае конкретно  каде и кога ќе се спроведат завршните подготовки.

ipon.mk/В.Д.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON