Кристина Стојчевска е прогласена за најдобар техничар на Меѓународниот кик бокс турнир „Балкан опен 2015“ во Тешањ, Босна и Херцеговина.
Стојчевска (-57 кг) го освои првото место во лоу кик откако ги совлдада противничките од Босна и Херцеговина и Турција.
Ова е втор добар настап за кратко време на нашата натпреварувачка, бидејќи претходниот викенд во Римини, Италија, на Бест фајтер Светскиот куп го освои сребрениот медал.
Таа сега ќе се одмора, а потоа почнуваат подготвките за Светското првенство.
ipon.mk/В.Д.