Фудбалската ѕвезда Кристијано Роналдо изјави дека повеќе сака да гледа УФЦ и бокс наместо фудбал. Тој истакна и дека раговарал со Ентони Џошуа како да ја продолжи кариерата.
Посветеноста на Роналдо кон самоподобрување и неговата желба за предизвици го направија еден од најуспешните играчи во спортот, но надвор од теренот, напаѓачот на Јувентус изјави дека се фокусира на други активности.
35-годишниот фудбалер изјави дека голема страст му се боречките вештини, особено боксот и УФЦ.
„Играњето фудбал е моја страст, но повеќе сакам да гледам други спортови на ТВ“, му рече Роналдо на боксерот Генади Головкин. „Ако би можел да бирам помеѓу гледање фудбалски меч и бокс или УФЦ, би избрал бокс или УФЦ.
Се чини дека неговата љубов кон боречките вештини датира од престојот во Манчестер Јунајтед.
„Кога бев во Манчестер, имав тренер за бокс. Мислам дека тренингот за бокс е добар и за фудбалот, затоа што ги прави вашите реакции поостри и тие ве учат да се движите подобро”.
„Ова лето разговарав со Ентони Џошуа. На 33-годишна возраст, мислите дека нозете повеќе не ве држат”.
Сакам да останам во спортот, во фудбалот. Не сакам луѓето да ме гледаат и да ми кажат: „Кристијано беше неверојатен играч, но сега е бавен“.
Можете да направите многу работи со вашето тело, но тоа не е проблемот. Многу зависи од вашата психа, вашата мотивација и искуството, што мислам дека е најсложената работа.
Во спортот може да достигнете зрелост. Погледнете го Роџер Федерер во тенис. Тој има 37 или 38 години и сè уште е во врвот. Има такви случаи и во боксот “.
⚪️⚫️ Cristiano Ronaldo takes ball off Leo Messi…#UCL | @juventusfcen pic.twitter.com/KXG7J3nVs1
— UEFA Champions League (@ChampionsLeague) December 15, 2020