Ентони Џонсон се среќава со Рајан Бадер во граплинг меч

Рајан Бадер и Ентони Xонсон повторно ќе се сретнат, но не во кафезот на Белатор.

Бадер, актуелниот шампион во тешка категорија на организацијата, се согласи да го замени Фабрицио Вердум против Џонсон на неделниот турнир Сабмишн андеграунд 19.

Сонен, кој е промотор на настанот, лично ја  објави веста.

Рамбле му се придружи на Белатор откако го раскина договорот со УФЦ. Неговото враќање во кафезот е планирано за првата половина на 2021 година, по повеќе од 4-годишно отсуство.

Загревањето за натпреварите ќе биде во неговиот меч со Бадер.

Двајцата веќе имаа средба на УФЦ на ФОКС 18 во 2016 година, кога Џонсон победи со нокаут за 86 секунди.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО