Кристијано Роналдо по тренингот лета за Мароко на дружење со Бадр Хари

hari i ronaldo

Иако се рзаботи за „фудбалскa вест“, еден од актерите е славниот кикбоксер Бадр Хари. Оној, главниот јунак на оваа приказна е еден од најдобрите фудбалери денес – Кристијано Роналдо.

Познато е дека на двоецот негува големо пријателство кое се „разгоре“ во октомври, кога Роналдо беше гостин на Хари во Мароко. Тоа не беше проблем за челниците на Реал Мадрид, додека Португалцот не почна речиси секој ден да оди на дружење и забава во градот Рабат. Особено откако го купи новиот млазен авион вреден 19.000.000 евра. Тоа му овозможува до Мароко да стигне за малку повеќе од еден час и половина. Како завршуваат тренинзите на Реал Мадрид, веќе во 15:00 часот, Португалцот има доволно време одлета до Мароко, да има добар провод и да се врати истата вечер. Не ги крши клупските правила, па никој официјално не може ништо да му приговори.

Хари, од друга страна, пак, се уште има проблеми со законот и судењата во својата втора татковина – Холандија. Дали ќе се врати активно на спортот или ќе продолжи да биде светски плејбој, тоа треба да го видиме. Фановите со нетрпение го чекаат неговото враќање …

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON