Кристијан Воденски годината ја почна со победи, и тоа во борење грчко-римски и слободен стил.
Воденски во регионалното натпреварување на покраината Франкфурт-Бециркмајстершафт во категоријата до 31 килограм ja совлада четири килограми потешката Ема Винсон од неговиот клуб АСВ Грисхајм, и во грчко-римски и во слободен стил.
Мината година нашиот Кико во германските превнства и лиги, како и на НАГА турнирот, речиси и да немаше изгубено борба (освен еден пораз) во борење (слободен и грчко-римски стил), џиу-џицу, кик бокс, граплинг и бокс.
Ipon.mk/В.Д.