Кристијан Стојковски: Би настапувал за бокс репрезентацијата на Македонија, а сакам да станам и УФЦ-шампион

Кристијан Стојковски (15 год.) е млад македонски боксер кој својата кариера почна да ја гради во САД, а вчера извојува уште една победа на настанот Фајт ту јунит чемпионшип боксинг и го освои трофејот на оваа организација. Стојковски славеше 3-0 против Дарион Вилијамс од Кливленд.  

Младиот скопјанец е во низа од 11 победи. Во август го освои турнирот „Ризинг старс“во аматерски бокс во категорија до 66 килограми во Хилиард, Охајо, САД, притоа експресно ја доби финалната борб со ТКО за 30 секунди, а која му беше 10-та победа на овој турнир кој се одржува еднаш или два пати годишно под мотото „Разни ракавици наместо пиштоли – Турнир на ѕведите во подем“.

Во интервју за Ипон.мк Кристијан зборуваше за неговата кариера и плановите во боречките спортови, но затоа дали ќе настапува за македонската репрезентација.

Како ја виде борбата со противникот?

-Секогаш имам доверба во себе со оглед на напорните тренинзи и затоа бев убеден во успех. Противникот, морам да кажам дека беше подготвен, беше повисок од мене, но тоа не ме спречи да доминирам во текот на целата борба

Сега си во низа од 11 победи. Која е твојата следна цел?

-Мојата цел е да освојам што може повеќе титули во боксот. Наскоро да почнам со борби во ММА и кик бокс и да градам успешна кариера

Дали боксерската кариера планираш да ја градиш во САД?

-Со оглед на околностите, во моментот кариерата веќе ја започнав во САД, но доколку ми се дадат други опции и понуди во иднина, се е можно.

Ќе настапуваш ли за македонската бокс репрезентација?

-Доколку таква можност се понуди, со задоволство би ја претставувал репрезентацијата на Македонија.

Кои се твоите планови во врска со боксот?

-Моите планови се да освојам нови шампионати и многу титули во боксот. Кога ќе ја достигнам потребната возраст ќе можам да се натпреварувам и во ММА. Да го префрлам успехот и знаењето и еден ден да станам УФЦ-шампион.

Колку ти значи соработоката со тренерот Руждија Калач, кој деновиве ја предводеше македонската репрезентација на Светското првенство во бокс во Белград?

-Гордост ми е да имам ментор како Руждија Калач, бидејќи е одличен тренер со долга и успешна кариера во боксот. Имавме одлична соработка преку лето и се надевам дека во иднина повторно ќе ми биде ментор.

Дозволете ми во оваа прилика со задоволство да истакнам дека во Скопје тренирам и ми е ментор и Кристијан Каранфиловски, ака кикоалба од клубот Д Стронгест, кој исто така е исклучителен тренер со кого имм онлајн часови додека сум во Америка. Слободно можам да кажам дека тој е од рангот на врвните американски тренери.

Како е да се тренира бокс во САД каде што стретна големи боксерски  имиња?

-Среќа и чест е што големи имиња како ми беа тренери Џери Пејџ и Бастер Даглас. Во моментов ме тренира Меза Квадра од ДМЦ боксинг и настапувам за неговиот тим. ММА тренирам со Мет Браун и Марк Колеман во Иммортал маршал артс. Сите се прекрасни ментори, тренери и пријатели кои се максимално посветени на мојата изведба и успех.

Кој од нив ти остави посебен впечаток?

-Не би можел да издвојам никој од нив, сите се прекрасни луѓе.

Ви благодарам многу и со гордост и понатаму ќе настапувам и ќе се обидувам да ја претсавувам Македонија во најдобро светло.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON