Избркан судија од УФЦ по неразбирлива одлука (ВИДЕО)

Судијата Вјачеслав Киселев е исфрлен од УФЦ по неразбирлива одлука на УФЦ 267 во Абу Даби

Киселев реши да не ја прекине пресметката меѓу Елизеу Залески дош Сантос и Беноа Сен Дени, иако Сен Дени неколку пати беше жестоко стресен и во ситуација воопшто да не се брани. Коментаторите и гледачите бараа прекин, но судијата одбил да ја прекине тепачката.

„Прекинете ја борбата! Воопшто не знам што треба да види овој судија за да ја прекине борбата“, ечеше легендарниот борец Даниел Кормиер, кој сега работи како коментатор, додека Дос Сантос го победи противникот. Кормиер, исто така, рече дека ова е најлошото судење што некогаш го видел.

Бразилецот упати 149 значајни удари, од кои 96 во главата на противникот. На крајот Сен Дени издржа три рунди, но загуби со едногласна одлука.

„Судијата мораше да ја прекине борбата, не знам зошто му требаше ова и жал ми е за Сен Дени“, рече победникот по борбата во Абу Даби.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО