Крис Киборг најпосле ќе се бори за појасот на УФЦ

Најдобариот женски ММА борец на сите времиња Крис Киборг конечно ќе се бори за појасот на УФЦ.

31-годишната Бразилка (17-1-1 НЦ, 2-0 УФЦ) ќе се бори за испразнетото титула во перолесна категорија против шампионот на Инвикта, Меган Андерсон (8-2).

Борбата ќе се одржи на УФЦ 214 на 29 јули во Анахајм, а на 27-годишниот Австралијанка тоа ќе и биде деби во најсилната светска ММА промоција.

Жермен де Рандамие со победа против Холи Холм стана првата УФЦ шампионка во перолесна категорија, но Холанѓанката ја одби борбата со Киборг и ОФЦ и ја одзеде титулата.

Главната борба на УФЦ 214 е реваншот меѓу Даниел Кормиер и Џон Џонс за титулата во полутешка категорија.

https://youtu.be/hGT9SVwb94c

.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО